Ден на жалост во Италија

Под урнатите од надвозникот во Џенова пронајдени се уште три тела, со што бројот на жртви се искачи на 41.

Пожарникарите ги пронашле телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

Од 10 до 20 лица се уште се водат како исчезнати.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост.

Предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.

Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година

Коментари

Популарно