Починал Балзак, Пападополус се прогласил за претседател на Грција

1662.- Починал Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструирал математичка машина (аритмометар) која ги вршел четирите математички операции. Математички прв го третирал проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги поставил основите на законот на веројатноста, ја измислил хидрауличната преса и утврдил дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е „Мисли“. Роден бил на 19 јуни 1623 година.

1692.- Еден свештеник и пет жени обвинети дека се занимавале со магии се запалени во Салем, Масачусетс, во САД. Овој настан му послужил како историска основа на познатиот американски драмкси писател Артур Милер, така што два ипол века подоцна тој ја напишал драмата „Вештерките од Салем“, која говори за прогоните на напредните сили во Америка од злогласниот „Макартиев комитет за истражување на антиамериканската дејност“.

1741.- Рускиот морепловец од данско потекло Витус Јонас Беринг ја открил Алјаска.

1847.- Роден е полскиот писател Александер Гловацки, познат како Болеслав Прус, најзначаен полски реалист. Дела: роматите „Кукла“, „Мртва стража“, „Еманципирана жена“, „Фарион“, збирките раскази „Потстанар во поткровје“, „Јакубовиот сон“, „Балски фустан“, „Проклета среќа“.

1849.- Роден е францускиот историчар Ернест Дени, основач на Словенскиот институт во Париз. Бил професор на универзитетот „Сорбона“ во Париз, а ја проучувал и со историја на културата на Словените. Ги покренал списанијата „Чешка нација“ и „Светот на Словените“. Дела: „Голема Србија“, „Од Вардар до Соча“, „За почетоците на федуализмот кај Чесите“, „Крај на чешката независност“.

1850.- Во Париз умрел Оноре де Балзак, француски писател, еден од најистакнатите во доменот на реалистичкиот роман. Во стотина дела насликал повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Од делата најпознати му се „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Гопсек“, „Загубени илузии“, „Селани“, „Роднината Бета“, „Скокотливи приказни“ и други. Роден бил во Тур, на 20 мај 1799 година.

1871.- Роден е Орвил Рајт, американски инженер, пионер на авијацијата. Тој заедно со својот брат Вилбур (1867-1912), исто така, инженер, експериментирал со едрилици, а потоа конструирале моторен авион. Орвил, во Кити Хок, Северна Каролина, на 17 декември 1903 година го извршил првиот лет со моторен авион што траел само 59 секунди и прелетал 285 метри. Веќе на 5 декември 1905 година двајцата прелетале 39 километри за 38 минути и 3 секунди. Орвил Рајт умрел во 1948 година.

1901.- Роден е италијанскиот писател Славаторе Квазимодо, добитник на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Дела: збирките песни „Мирис на евкалиптисот“, „Животот не е сон“, есејот „Писател и политичар“.

1936.- Франкистите од Шпанија го застрелале Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Извршил значително влијание врз развојот на поновата европска поезија. Најпознати негови збирки песни се „Песни“, „Цигански романсиер“, „Поетот во Њујорк“, драмите „Домот на Бернарда“, „Крвави свадби“ и други. Роден бил во Фуенте Вакерос, на 15 јуни 1899 година.

1961.- На крајот на „студената војна“ меѓу Исток и Запад, на границата помеѓу источен и западен Берлин, источногерманските власти почнале да подигаат ѕид во должина од 40 километри. Уривањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година го означил почетокот на новите демократски промени во Европа.

1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која извршила пуч на 21 април 1967 година, се прогласил за претседател на Република Грција. Претходно на референдум, во режија на пучистите, била укината  монархијата.

1975.- Американскиот вселенски брод „Викинг I“ бил лансиран кон Марс, каде стасал во јули 1976 година.

1980.- Италијанскиот алпинист од германско потекло Рајнхолд Меснер прв успеал сам да се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест.

1982.- Во Скопје умрел Адем Гајтани, македонски писател од албанската етничка заедница во Македонија и новинар во весникот „Флака е влазеримит“ во Скопје. Роден бил во селото Подуево, на Косово, на 21 јули 1935 година.

1991.- Собранието на советската балтичка република Естонија објавило целосна независност од Москва.

1995.- Умрел Хуго Прат, прославен италијански илустратор. Дела: „Пустински шкорпии“, „Наредникот Кирк“, „Ана од џунглата“, „Сент Егзипери“, „Макумба“.

2017.- Познатиот американски актер, комичар и режисер Џери Луис почина на 91 година. Луис ја започна својата кариера со хумористични скечеви, изведувајќи ги во клубови, радио и на телевизија. Стана популарен во 40-тите години од минатиот век, благодарение на „дуетот“ со Дин Мартин, со кого се раздели во 1956 година, по десет години заедничка работа. Учествуваше во филмовите „Аризона дрим“, 1993 на Емир Кустурица и во „Кралот на комедијата” (The King of Comedy, 1982) на Мартин Скорсезе. Во 1960 година го направи своето режисерско деби со „The Bellboy“. Три години подоцна стана ѕвезда со најпопуларниот филм (на кој е исто така режисер и сценарист) – „Налудничавиот професор“ (The Nutty Professor). Има освоено бројни награди, меѓу кои и Оскар. Има две ѕвезди на Холивудската патека на славните.

Коментари

Популарно