ЕУ ги запраша италијанските власти?

На Италија од страна на Европската унија им биле уплати милијарди долари во помош за обнова на инфраструктурата, одговори Брисел на италијанската популистичка влада која вината за лошото одржување на автопатот чиј дел беше срушениот мост во Џенова го поврза со финансиските обврски кон ЕУ.

По катастрофалното рушење на мостот Моранди во кое загинаа најмалку 40 луѓе, италијанскиот министер за внатрешни работи и еуроскептик, Матео Салвини, го обвини Брисел дека полењето на касата на ЕУ го става пред безбедноста.

„Сосема е човечки да се бара некој врз кој ќе се префрли вината кога ќе се случи страшна несреќа како оваа во Џенова. Сепак, треба да се согледаат фактите“, напиша на Twitter еврокомесарот Гинтер Етингер.

Во период од 2014 до 2020 година, Италија треба да прими 2,5 милијарди евра за патишта и железници, како и 12 милијарди евра од Фондот за регионален развој за помош на сиромашните региони, а добила и зелено светло за 8,5 милијарди евра наменети за државно трошење, потсетува Етингер.

Министерот Салвини по несреќата рече дека обврските кон странство ја спречуваат Италија да троши повеќе пари од најнеопходното за безбедност на училиштата и автопатиштата.

„Затоа мора да се прашаме дали треба да ги почитуваме тие обврски или безбедноста на Италијанците да ја ставиме на прво место? Очигледно, ја бирам втората опција“, рече Салвини.

Следниот ден предложи парите за безбедност да се издвојат од Пактот за стабилност и раст, а станува збор за спогодба на државите членки врзан за фискалната политика.

„Вложувањата што спасуваат животи, работни места и право на здравје не смее да бидат дел од строгите пресметки и прописи што ги наметнува Европа“, рече Салвини.

Автопатот А10 чиј дел беше мостот Моранди е дел од трансевропската сообраќајна мрежа. Станува збор за програма за развој на сообраќајна инфраструктура што треба да одговори на барањата на европската директива од 2008 година за безбедност на патиштата.

Коментари

Популарно