Германија ќе го спасува Ердоган

Откако беше најавено дека Катар понуди да инвестира 15 милијарди американски долари во турските банки и пазари и да и помогне на Турција да излезе од инфлацијата и економската криза, рака за помош кон Ердоган - пружи и Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел го потсети турскиот претседател Ердоган дека има потенцијален сојузник во Европа.

Додека Ердоган бара начини да ја заштити турската економија од конфликтот со американскиот претседател Доналд Трамп и санкциите од САД, тој и канцеларката Меркел се договорија да организираат состанок на министри за финансии на двете земји.

Германија сака Турција да се спаси од можната финансиската криза, и не може да дозволи таа земја да се загуби хаосот кој ја предизвикува, изјави за "Блумберг" нивни извор кој бил запознаен со ставовите на Меркел. За таа цел Меркел планира да му биде домаќин на Ердоган на 28-ми септември.

- Во Турција нема економска дестабилизација. Но, мора да се направи сè за да се обезбеди независност на централната банка - рече Меркел во Берлин оваа недела.

Германија е најголем економски партнер на Турција, а минатата година нивниата билатералната трговија изнесуваше околу 37 милијарди евра (42 милијарди долари). Околу 6.500 компании целосно или делумно во сопственост на Германија работат низ цела Турција. Турција е на 16 место меѓу германските извозни пазари, пред Јапонија и многу помали земји на Европската унија.

Значи, не е изненадувачки што Германија бара начин да се прекине кризата во Турција. Предупредувањата од Берлин велат дека Анкара не смее да ја преземе контролата над Централната банка на Турција со вонредно печатење нови лири, и мора да најде друго решение.

Од германскиот бизнис заедницата, предупреди дека ризикот од рецесија во Турција може да се намали само во стабилна политичка средина, бидејќи без тоа не постои доверба на странските инвеститори. Ова значи дека Германија очекува по толерантен однос на Ердоган кон опозицијата.

Ова е втор крупен случај во кој Германија се спротиставува на американската политика на санкции за само месец дена. Да потстетиме, Германија не ги поддржа ни американските санкции против Иран.

Коментари

Популарно