17-годишна девојка ја убил струен удар од мобилен телефон кој се полнел

Луиза Пинхеро, 17-годишна девојка од Риачо Фриа во Бразил, е пронајдена во својот дом без свест, со слушалки на уши и растопен телефон покрај себе. Наскоро била констатирана смрт, а се верува дека ја убил струен удар.

Се наведува дека девојката од Бразил починала најверојатно од електричен удар додека, со слушалки на уши, играла игри на мобилен телефон кој се полнел, пренесе Дејли Мејл.

Девојката во неделата била префрлена во болница, но немало спас. Тој ден доцна попладне ја пронашле без свест на подот. Мобилниот крај неа бил уништен.

Нејзината баба на лекарите и раскажала во каква состојба ја нашле, поради што се уверени дека доживеала струен удар.

Брзилските медиуми не наведуваат за каков уред точно се работи, ниту дали девојката користела исправна опрема.

Коментари

Популарно