Новак Ѓоковиќ Освои СЕ

 6:4/6:4  е резултатот со кој Новак Ѓоковиќ го совлада Роџер Федерер соза да ја освои титулата од Мастерсот во Синсинати, и да стане првиот тенисер кој во својата кариера ги освоил сите девет Мастерс 1000 титули – таканаречениот „златен Мастерс“.

Новак Ѓоковиќ  ја освои титулата од Мастерсот во Синсинати, и да стане првиот тенисер кој во својата кариера ги освоил сите девет Мастерс 1000 титули – таканаречениот „златен Мастерс“.

Со победата Ѓоковиќ е единствениот кој победил на Мастерс 1000 турнирите во Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Рим, Шангај, Торонто/Монтреал, Синсинати и Париз-Берси. Покрај тоа, победата ќе го искачи на третото место на АТП листата, веднаш зад Рафаел Надал и Федерер. Ова е 24 победа на Ѓоковиќ против Федерер, Швајцарецот имаа 22 победи.

Двајцата тенисери веќе се имаа сретнато трипати во финалињата во Синсинати (2009, 2012 и 2015 година) и трипати победник беше Швајцарецот. Ѓоковиќ, кој оваа година го освои Вимблдон за да се врати на „голема врата“ во елитата на светскиот тенис, направи брејк во првиот сет за водство од 4:3, откако Федерер направи премногу грешки на свој сервис.

Федерер подобро го започна вториот сет и веднаш направи брејк за 2:0 водство, но Србинот веднаш врати во следниот гем за 1:2. Ова како да го изнервира Швајцарецот, кој почна да греши невообичаено на свој сервис и веќе во осмиот гем беше 5:3 за Ѓоковиќ, по што Србинот остана на свој сервис за комплетирање на импресивната победа.

Коментари

Популарно