Кијану и јас сме во брак веќе 26 години

Американската актерка Винона Рајдер смета дека е во брак со колегата Кијану Ривс веќе 26 години. 

Додека ја промовирала новата романтична комедија Destination Wedding, во која игра со Кијану Ривс, таа открила дека имала вистинска свадба со него во 1992 година, за време на снимањето на филмот “Дракула”.

Актерите играле заедно во хорор филмот, а нивните ликови, Мина и Џонатан Харкер, се венчале според сите црковни правила во грчка православна црква во Лос Анџелес.

– Навистина, се колнам, мислам дека ние сме навистина во брак. Во таа сцена, Френсис (режисерот на Дракула) користеше вистински свештеник, кој ја спроведе целата церемонија. Мислам дека сме во брак, рече Винона.

 Дека на венчавката се почитувале сите црковни правила потврдил и режисерот Френсис Форд Копола.

– Тоа беше многу автентично, церемонијата беше прекрасна, и имавме вистински свештеник за тоа да го спроведе. Така, кога се заврши, сфативме дека Кијану и Винона се навистина во брак, како резултат на сцените и свеченоста, коментира тој.

Тогаш Рајдер имала само 21, а Ривс 28 години.

Коментари

Популарно