Media Innovation Forum – почеток на нова етапа во историјата на македонските медиуми

Скопје на 19-ти Септември ќе биде домаќин на Media Innovation Forum, настан кој ќе има за цел еднаш годишно да го собере на едно место најдоброто од македонската медиумска и продукциска сцена и да го поврзе со потенцијални програмски купувачи, продукциски партнери и други инвеститори.

Настанот ќе содржи две напоредни програми. Forum ќе е местото каде интернационални експерти ќе дискутираат околу најновите стратегии во медиумската индустрија, маркетинг и современа технологија. Во Buyers’ Salon пак, околу десет најдобри медиумски компании од Македонија ќе се претстават пред маркетинг купувачи, потенцијални продукциски партнери и инвеститори од регионот.

Media Innovation Forum е организиран од страна на маркетинг агенцијата Еден на Еден во партнерство со Пикаса и ИАБ Македонија. Настанот е поддржан од USAID.

Ова е прв настан од овој вид во Македонија, а организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција која ќе ги промени медиумската и продукциската сцена во државата.

За повеќе информации околу настанот, посетете ја веб страната: www.mediainnovationforum.com

Коментари

Популарно