Девојка покажа што навистина се крие во апаратите за сушење на рацете

Во денешно време речиси во секој тоалет постојат електрични машини за сушење на рацете во замена на старомодните салфетки. Сите ние ги употребуваме без да размислиме, но откако ќе ги прочитате следните информации, сигурно ќе размислите два пати пред да постапите.

Никол Вард е девојка од Калифорнија која спровела еден експеримент. На секои три минути го спуштала Петриевиот сад под електричната сушара (сад кој го употребуваат физичарите за да откријат бактерии или други видови на истражување). После неколку денови таа забележала дека во садот нешто расте, а светот се згрозил после резултатите кои ги погледнале.

“Дали сте подготвени за изненадување? Ова овде е она што порасна во Петриевиот сад кој го ставив во апаратот за сушење на рацете и тоа на само три минути. Да. Само три минути. Никогаш повеќе не ги сушете рацете со таа машина, овде има неколку видови на патогени габи и бактерии кои се размножуваат, а Вие сте убедени дека излегувате со чисти раце од тоалет”, вели Никол.

Во 2016 година беше спроведено едно истражување кое исто така покажа дека во овие апарати има 1300 пати повеќе бактерии отколку во хартиените салфетки. Поради тоа, можеби е добра идеја серизоно да го сфатиме советот на Никол.

Миењето раце е најлесниот начин да спречиме внесување и разнесување на штетни микроорганизми, но ако во целиот процес е вклучен и апарат за сушење раце, тогаш сето тоа користење на сапун и топла вода може да биде залудно. Има различни видови апарати за сушење, а заедничко за нив е што работат на принцип на испуштање млаз воздух кон штотуку измиените дланки. Ова е супер и практично, но само доколку апаратот го користат мал број луѓе и ако истиот е доволно далеку од тоалетната школка и секако, ако редовно се чисти и сервисира. Но, во реалноста, ситуацијата воопшто не е таква.

Фекалните бактерии во тоалетите може лесно да бидат пренесени низ воздухот по аерокапков пат и да завршат на чешмите, садовите со сапун и на апаратите за сушење раце. Овие апарати всушност го користат воздухот од тоалетот за да го испуштаат од отворот каде што треба да ги поставите рацете. Што се случува потоа?

Бактериите кои се пренеле во воздухот, особено ако се пушта вода од казанчето, а не се затвора капакот, преку апаратот, завршуваат на вашите раце. Ова го докажал тим од Универзитетот во Конектикат, кога во воздухот на 36 нивни тоалети испуштиле безопасна, синтетички одгледана бактерија, внимавајќи да не контаминираат ништо за време на патот од лабораторијата дотаму. По некое време ги провериле тоалетите и апаратите за сушење и сите резултати покажале присуство на истата бактерија, која била пренесена преку воздухот во целата зграда.

Потоа се обиделе во апаратите за сушење да вградат ХЕПА-филтри, но се покажало дека на овој начин се филтрираат само 75% од присутните бактерии и честички, и дека сè уште има добар процент што завршува на рацете.

Исто така, поради влагата на воздухот во тоалетот се случува внатре во апаратот да настане кондензација, која потоа ќе создаде услови за развој на мувла. Затоа, кога на исто место ќе ги ставите фекалните честички и бактерии и можните спори од мувла што можат да завршат на вашите раце, размислете за тоа да се држите до хартиените бришачи. За секој случај, имајте и антибактериски гел за раце со вас, особено ако сте гермофоб и користете го по секое миење раце во тоалет кој не е вашиот.

Коментари

Популарно