Зошто треба да го посетите Охрид наместо Дубровник?

Електронското издание на српски „Дневник“ објави статија со наслов„Не одете во Дубровник, одете во Охрид“ пренесувајќи ја анализата на интернационалниот туристички портал (The Discoverer).

The Discoverer креирал листа на пет популарни дестинации што треба да се избегнуваат поради метежот и негативниот став кон туристите. Притоа препорачал и алтернативни места за посета.

Според The Discoverer, наместо во Дубровник, туристите треба да одат во Охрид.

– Наместо да се обидувате да биде среќникот што ќе добие билет за разгледување на дубровничките локации, посетете го прекрасниот град Охрид во блиската Македонија. Изобилува со шарм, од ресторани на езеро до древни цркви и манастири кои како да се наоѓаат на секој агол. Сместен на најстарото езеро во Европа, градот има богата историја која ќе ве воодушеви, посебно зашто можете да учќивате без метеж, наведува патеписецот на The Discoverer Џулија Хамонд.

Според неа, посетата на старото историско јадро на Дубровник е врвно доживување на кој било одмор, но метежот во тесните улички и премини не придонесува за квалитетот на тоа искуство. Пренатрупаноста ја дополнуваат крузерите кои истоваруваат голем број патници и го зголемуваат бројот на луѓе во градот на неколку часа, а кога на тоа ќе се надоврзе и фактот дека Дубровник е се по познат и по смешно популарната серија „Играта на престоли“, настанува проблем од епски размери.

На прво место на негативната листа на The Discoverer е Барселона на чие место се препорачува посета на Екстремадура. Втора е Маја Беј на Тајланду која треба да се замени со Кох Муку. Следува Галапагос за кој како алтернатива е понудена Исла Магдалена во Чиле, додека на крај се сугерира избегнување на Мачу Пикчу во Перу и посета на древниот локалитет во близина Морај.

Коментари

Популарно