ВИДЕО: Вака изгледа Теона – ќерката на Сузана Спасовска

Македонската фолк дива, Сузана Спасовска има нова песна насловена „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“, која ја промовираше заедно со видеоспот. И тука нема ништо чудно ниту необично, ако се знае дека нашата „Сузе – национале“ е хиперактивна кога е музиката во прашање. Покрај работата во анационалниот ансамбл „Танец“, таа постојано нешто ново снима, објавува и промовира, а тука се и многубројните настапи на фолк пејачката.

Песната е симната од нматеријалот за новиот албум „Тагувам со насмевка“ од 2018 година, а како нејзин комплетен автор е потпишан Љупчо Чедомирски (музика, текст, аранжман), додека видеоспотот го изработила скаопската видеопродукција „Фабрика“ на Марјан Огненовски.

И кога сме веќе кај видеото, во него главната женска ролја, покрај самата Сузана се разбира, ја толкува токму нејзината ќерка Теона Спасовска, додека симпатичното момче во спотот се вика Виктор Пецев, а слатката бела пудлица Бофи.

Теона инаку речиси воопшто не се експонира во јавноста и не го продолжи патот на својата слабвна мајка, зашто воопшто не се занимава со пеење.

Таа студира на Универзитетот „гоце Делчев“ во Штип, а во исто време работи и во една осигурителна компанија во Скопје.

Инаку, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.

Теона пак и самата по се’ изгледа е вљубена, зашто неодамна на својот Фејсбук профил постираше фотографија на која е сликана со момче по име Виктор Велковски, за кого напишала: „Некои луѓе цел живот го бараат она што јас го најдов во тебе“ – споделувајќи срценце покрај постот!

Погледнете како глуми Теона во најновото видео на нејзината мајка Сузана Спасовска, насловено „Дали знаеш ти (Рамо за плачење)“:

Коментари

Популарно