ВИДЕО: Слаткар го опеа договорот со Грција и промената на името

Македонскиот рапер, Слаткар објави нова песна во која праќа порака дека Македонија друга опција нема и дека болката на македонците кои ја претрпеле во граѓанската војна во Грција и масовниот геноцид кој е извршен врз нашите дедовци не е наша борба.

Инаку, Слаткар преку неговите песни, на македонската естрада и во јавноста важел за личност кој ја критикува секоја негативна појава во општеството, независно од тоа која политичка гарнитура ја практицира власта, а ова е прв пат да изрази јасен став со поддршка за одредена општествена ситуација во случајов владејачка гарнитура.

Тежината на неговиот потег е уште поголема со оглед на тоа дека се работи за историско прашање со кое се самоукинуваме како Македонци и одговор од кој нема назад.

Кампањата „ЗА“ секојдневно ја поддржуваат и луѓе кои долго време не се појавиле во политиката, колку е платено засега нема информации, во продолжение песната со спотот на Слаткаристика.

Коментари

Популарно