Поранешната манекенка Тајра Бенкс после долги години одлучила јавноста да ја запознае со тоа како изгледа нејзината природна коса.
Таа никогаш не криеше дека носи перика, поради што фановите се сомневаа дека косата ѝ опаѓа, а сега Тајра стави точка на сите приказни така што конечно ја извади лажната коса.
На фотографијата без перика која ја објави на својот Инстаграм профил напиша:
"Јас...Бидејќи некогаш на периките и брановите им е потребен одмор".
Фановите ја поддржале во коментари и ја советувале да продолжи да ја носи својата природна коса.