17-годишник ја нападнал својата мајка - ја удирал и кубел за коса

Вчера во 15:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 47-годишната Љ.К. пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица „Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17-годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот.

 Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. 

Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Коментари

Популарно