ФОТО: Ова е синот на Дино Мерлин

Веќе 28 години, Дино ѝ е верен на Амела, иако од старт не било се толку идилично. Родителите на Амела се противеле на нивната врска, затоа што тој бил сиромав и без перспектива. На крајот, нивната љубов победила.

За приватниот живот на пејачот Дино Мерлин се знае малку, па ретко кој знае дека круната на љубовта им се ќерката Наида (32) и синот Хамза (26), кои израснаа во амбициозни млади луѓе.

Неговите деца никогаш не се експонираат јавно, а Дино секогаш се труди својот семеен живот да го држи далеку од очите на јавноста.

Неговиот син има 26 години и нема намера да тргне по стапките на татко си и да се занимава со музика.

Тој во Истанбул студирал менаџмент и политички науки, но се образовал и во Берлин.

Постојно е дел од тимот на својот татко и учествува во секој проект. Хамза е атрактивно и успешно момче и седум години е во врска со убавата црвенокоса Џенет.

Своето семејство, Дино љубоморно го чува само за себе, но во неколку наврати зборувал за сопругата Амела, ќерката Наида и за синот Хамза.

Српските медиуми објавија фотографии и од приватната архива на Наида Дервишхалидовиќ, која е посветена на информатиката и на интернационалната кариера. Таа заврши постдипломски студии на Универзитетот во Оксфорд.

Наида Дервишхалидовиќ, прва од лево со колегите

„Тато, не ми требе ништо, јас имам се, само побрзо врати се дома“. Така ми вели мојата ќерка која ја прашувам каков подарок да ѝ донесам од Париз или од Њујорк. Таа е многу скромна“, изјави Дино за ќерката.

Мерлин и неговата сопруга се заедно од 17 години,а се оженил со неа на 21 година. Избегнуваат заедно да се појавуваат во јавност, но Дино неколку пати истакна дека таа му е најголема поддршка.

Зад познатиот хит на Дино Мерлин кој сите го знаеме “Кад си рекла да ме волиш”, се крие вистинска и трогателна приказна за која ретко кој знае. Пејачот ја напишал во најтешките моменти додека бил одделен од сопругата Амела.

Дино потекнува од сиромашно семејство, а како тинејџер се заљубил во богатата девојка Амела. Тој учел занает, а таа учела гимназија. Нејзините родители сакале таа да се забавува со момче од иста класа. Така, двајцата се гледале скришно и биле одвоени иако се сакале од 15 години.

Тогаш Дино сосема разочаран ја напишал песната која допре до сечие срце и стана хит.

– Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. По пет години тајно се венчавме. Бешетоа романтична свадба иако својата сопруга буквално ја киднапирав. Само нашиот кум и нејзината сестра стоеја до нас. Постојано гледав кон вратата да видам некој да не ни ја расипе среќата. Потоа отидовме на брачно патување во Дубровник, а потоа се вративме кај мајка ми. Не чекаше голема одговорност, вели Дино.

Тој ја напишал песната во тешките љубовни мигови со Амела.

Коментари

Популарно