Денеска започнува Лига на шампиони во фудбал

Денеска започнува “новиот изглед“ на најдоброто клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Новитетите во сезоната треба да го направат турнирот уште поинтересен, а сите гиганти се обидуваат да стават крај на доминацијата на Реал Мадрид, кој три години во низа се искачува на врвот.

Почетокот ќе биде најавен со првите мечеви од 18:55 часот, а ќе биде заокружен со преостанатите дуели од 21:00 часот. Терминот од 20:45 часот заминува во историја, бидејќи УЕФА одлучи да направи поделба на која најмногу ќе и се израдуваат љубителите на фудбалот ширум светот.

Со новите правила, клубовите ќе имаат право на четврта замена при евентуални продолженија во нокаут фазата и ќе имаат можност да користат електронски уреди и да комуницираат со секој член на тимот кој се наоѓа на трибините. Најголемата промена носи опцијата клубовите да користат фудбалери со кои се засилиле во јануари, а тие имале запишан настап во Лигата на шампионите во дресот на другата екипа. УЕФА конечно стави крај на ограничувањето за кое постоеше незадоволство години наназад.

За неколку сезони се очекува примена и на новата ВАР технологија, која е доста популарна меѓу големите клубови, кои итно бараат истата да се воведе што поскоро со цел да се избегнат грешки и лоши сценарија.

Утрешната програма ќе биде отворена со натпреварите Интер - Тотенхем и Барселона - ПСВ Ајндховен.

За титулата ќе се натпреваруваат 32 екипи распоредени во 8 групи. Вкупната вредност на екипте е околу 14 милјарди евра однсоно 13.816.200.000 евра. Најскапа е Барселона со 1.14 милјарди евра, следува Manchester City со 969 милиони евра. Клубови со најмала вредност се Црвена Звезда со 43.9 милиони евра, Аек  38.4 милиони евра и Чешката Viktoria со 30.35 милиони евра.

Коментари

Популарно