Преку ден топло, наутро студено

Денеска е вторник, 18 септември 2018 година, 261-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 104 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 18 часот и 40 минути.

Денов трае 12 часа и 25 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и нема да зајде ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. УВ=6

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 25 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 29 степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Утре на повеќе места ќе има појава на умерена облачност.

Коментари

Популарно