Летото заминува - спремајте ги јакните

Ако сте од оние кои уживаат во повисоките температури, тогаш искористете ги деновите до крајот на оваа недела. Од наредната, метеоролозите најавуваат сончево време но значително пониски температури кои на дневно ниво само благо ќе надминуваат 20 степени. 

Свежо ќе биде и наутро. Веќе од недела, утринските температури ќе бидат едноцифрени, а на повисоките места ќе се доближуваат и до нулата. Продор на студена воздушна маса се најавува кон средина на идната недела, кога и дневните температури нема да надминат 20 степени а утринските ќе бидат под 5 степени. Во овие денови, особено ако излегувате порано, ќе ви биде потребна и јакна. 

Слично ќе биде времето се до крајот на месецот, а долгорочните прогнози не најавуваат услови за врнежи.

Коментари

Популарно