Уште еден летен, сончев ден

Денеска е среда, 19 септември 2018 година, 262-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 103 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 18 часот и 39 минути.

Денов трае 12 часа и 23 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и 45 минути, а ќе зајде 38 минути по полноќ.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. УВ=6

Утринската температура ќе се движи од седум до 15 степени, а дневната температура од 26 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната температура ќе достигне до 31 степени. 

Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време.

Коментари

Популарно