„Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

„Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје при Друштвото на филмски работници на Македонија, во состав на Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајковски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематограф, донесе одлука филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда во 2019 година.

Одлуката е прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатура беа и „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на агелот“ на Јани Бојаџи.

Коментари

Популарно