ФОТО + ВИДЕО: На сред шума се крие пештера, а еве што има во неа

Во непристапниот дел на кинеската провинција Гуиџоу, во пештера до која нема ни пат, не само што живеат луѓе, туку и постои цело село, организирано така што животот на целата заедница се одвива во пештерски мрак.

Селото Жонгдонг се наоѓа на 1.800 метри надморска висина, а до него се стигнува само со едночасовно планинарење, што на неговите жители им го отежнува снабдувањето со основни потреби. 

Официјалниот став на кинеската влада дека "Кина не е земја на пештерски луѓе" довел до затворање на училиштата кои исто така се наоѓале во внатре во пештерата во 2008. година, така што најмладите жители морале да пешачат до два часа до најблиските училишни клупи.

Инаку, во училиштето во пештерата оделе 186 ученици, а во неговите рамки имало дури и терен за кошарка.

Заедно со мештаните кои се наречени последни живи пештерски луѓе, под камењата живеат и нивните домашни животни, како што се крави, кокошки и домашни миленици.

Животот без пат до селото значел живот речиси без информации од надворешниот свет, со оглед на тоа дека жителите немале пристап до телевизиски сигнал или до весници.

Меѓутоа, приказната за селото во медиумите го кренала интересот на туристите за ова место, така што и владата се заинтересирала за него. Добиле пат до селото, а децата биле преместени во училишта со интернет. Своите семејства ги посетуваат за викенд или за празници.

Патот исто така довел до иселување на некои жители од ова единствено село, но повеќето решиле да останат во пештерата. Како што се проценува, во неа и натаму живеат околу 100 жители.

Коментари

Популарно