ФОТО: 9-годишно момче одговара на прашањето што е бес

Кога наставниците се обидуваат да ги научат децата да ги искажат своите емоции, треба да знаат дека во еден момент ќе ги дочека ладна вистина. Токму таков е случајот со момчето кое одговорило на прашањето што е за него бес.

9-годишното момче во училиште добило задача да напише што е лутина или бес, а тоa дало сосема искрен одговор, кој ги насмеа корисниците на интернет од целиот свет.

Како од пушка, малиот одговорил дека за него бес претставува домашната задача.

"Кога ја најдов оваа домашна задача во мојот ранец", напишало детето, а потоа одговорило и на потпрашањето кое следувало "Што направи", на кое тоa одговорилo "Го направив".

Коментари

Популарно