Видео:Во која земја е дозволено да спиете на работа?

Ако сакате работа од соништата, можете да размислите за преселба во Јапонија бидејќи токму таму спиењето на работа е сосем прифатливо.

Јапонците го имаат дури и терминот инемури, што значи присутен додека спие, пишува „Дејли мејл“.

Оваа практика беше делумно воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот што луѓето во оваа земја спијат во просек само шест часа.

Меѓутоа, за инемури важат одредени правила. Ако сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години, можете слободно да спиете. Колку повисоко сте на општествена скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа, вели д-р Бриџит Стигер, кој специјализира за јапонската култура.

Дури и кога на човекот му е дозволено да дреме на работното место, правилата на инемури бараат работниците да бидат способни да се вклучат во секој разговор секогаш кога тоа е потребно и тоа во истиот момент.

Коментари

Популарно