Соборен рекорд за производствто на кокаин

Најновиот извештај на Обединетите нации, Колумбија го собори сопствениот неславен рекорд во производство на кокаин.

Минатата година во земјата се произведувало растението кока на 171 000 хектари, односно за 25 000 хектари повеќе од претходната година.

Во истиот извештај на комитетот за дрога при ОН се наведува дека во земјата се проиведувеле околу 1 379 тони кокаин во 2017, што е повеќе за 31 процент отколку во 2016.

Сето тоа се случува и покрај мировниот договор потпишан во 2016 со левичарските бунтовници. Со тој договор заврши граѓанската војна, која траеше 52 години и во која беа убиени 260 000 луѓе и раселени 7 милиони од населението.

Во договорот е наведено дека земјиштето на кое се одгледува кока треба да им се даде на фармерите за на него да одгледуваат какао и кафе.

Претседателот на Колумбија, Иван Дукуе, се надева дека следната година ќе ги намали површините под кока на 140 000 хектари.

Коментари

Популарно