ВИДЕО: Познат хирург и неговата девојка силувале стотици жени

Лекар од Калифорнија кој повеќе години учествувал во ТВ реално шоу за навиктие на американскиот маж во онлајн врските, и неговата девојка се обвинети за дрогирање и силување на две млади жени, а обвинителите се сомневаат дека Грант Робишо (38) и Сериса Рајли (31) имале стотици други жртви.

Полицијата верува дека хирургот - ортопед и неговата партнерка го користели „добриот изглед и шармот“ за да и намамат жртвите.

Обвинети се дека на жените им пришле во 2016 година и во барот, ги дрогирале со кокаин, екстази и ГХБ, познат како „дрога за силување“, а потоа жртвите ги однеле во станот на Робишо, каде ги силувале.

Во телефонот на Робишо кој неколку години учествуал во реалити за навиките  на мажите на сајтовите за запознавање "Online Dating Rituals of the American Male", пронајдени се повеќе од илјада снимка од сексуално напаствување.

Хирургот и неговата партнерка се обвинети и за поседување оружје и дрога.

На Робишо и Рајли им се заканува затворска казна од 30 до 40 години.

Нивните адвокати рекоа дека двојката „ги отфрла сите обвинувања и сака случаите да се расветлат“.

Коментари

Популарно