ФОТО: Софија Вергара ја открила дневната рутина за убава кожа

Софија Вергара е една од оние жени кои изгледаат прекрасно и без шминка, а нејзиниот тен е просто неверојатен. Бидејќи на нејзината кожа ѝ завидуваат многу жени ширум светот, Вергара за "Health's" ги открила тајните за својата блескава кожа.

Актерката признала дека ја менувала рутината за нега во текот на годините. 

"Некогаш правев маски и пилинзи и постојано ги втривав во лицето. Бев луда по производите за нега, меѓутоа како што стареам, пробувам негата на лицето да ја сведам на минимум", изјавила таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🌞day!

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

Софија истакнала дека има премногу чувствително лице и дека поради тоа мора да внимава што става на кожата.

"Доколку ставате премногу работи, тие ќе ја изиритираат вашата кожа. Поради тоа користам ретинол и витамин Ц, и тоа во многу мали количини. Двете состојки се совршени за кожата бидејќи ретинолот стимулира производство на колаген и ја забрзува обновата на клетките, а витаминот Ц ги намалува дисколорациите", истакнала познатата актерка.

Таа наутро нанесува крема со заштитен фактор пред да се нашминка, а навечер задолжително ја отстранува шминката со природен морски сунѓер, а потоа лицето го чисти со благ сапун.

За негата на кожа е важна и правилната исхрана, па поради тоа на нејзиното мени најчести се зеленчукот, боровниците, зелениот чај и чајот од камилица со колаген во прав. И секако многу вода.

Зеленчукот изобилува со фитохемикалии кои ја обновуваат кожата, а боровниците се богати со антиоксиданси. Додека зелениот чај има заштитно влијание против УВ оштетувањата, консумирањето вода во големи количини ја спречува дехидратацијата и ја намалува појавата од брчки.

Коментари

Популарно