Блек Лајвли откри зошто постојано носи одела

Актерката Блек Лајвли во последните неколку месеци посебно ја изненадува публиката со своите потези.

Откако го избришала Инстаграм профилот, се преправала дека го изневерува сопругот и објавувала необични загатки на својот Твитер профил, многумина се запрашале - зошто носи одела?

Имено, Блејк во последно време постојано ја гледаме во одела, а ништо поразлично не било ниту вчера, кога во Париз се појавила во строго сиво одело, со тенки бели линии и била закопчана до грло.

Изгледа дека Блејк сето ова го прави поради улогата. Имено, ова е прв пат Блејк да глуми социопатка, а не позитивен лик, кој на крајот секогаш победува. Токму поради тоа, Блејк одлучила целосно да се внесе во улогата, да ја пренесе и во својот реален живот и така уште повеќе да подигне прашина околу претстојниот филм.

Во оваа авантура Блејк имала целосна поддршка од својот сопруг и колега, кој заедно со неа ја толкувал улогата и помалку ги полуделе фановите од целиот свет.

Инаку, станува збор за филмот "A Simple Favor", кој вчера бил премиерно претставен во Париз.

Коментари

Популарно