Зошто Меган е поприсутна од Кејт во новиот документарец за Кралицата?

Во најавата на новиот документарец за Кралицата Елизабета Втора "Queen of the Lord", имавме прилика, освен Кралицата, да ги видиме и принцовите Хари и Вилијам и Меган Маркл.

Но, каде е Кејт Мидлтон?

Освен што ја нема во најавата, војвотката од Кембриџ едвај се појавува во документарецот. Ова го открил извор од Бакингемската палата, но причината за тоа не е нејзиното несогласување со Кралицата.

Имено, Кејт за време на снимањето на докумантарецот била на 6-месечно породилно отсуство, кое сѐ уште трае, бидејќи принцот Луис го родила на 23-ти април оваа година.

Сепак, војвотката од Кембриџ не е целосно исклучена од докумантарецот и се појавува во неколку кадри од настанот на кој била за време на бременоста, венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, но не давала никакви изјави ниту интервјуа, пренесува "Herper's Bazaar".

Од друга страна, нејзината снаа Меган, во докумантарецот дури им се обраќа на камерите и е многу поприсутна од Кејт, а во најавата веќе можевте да видите и како изреагирала кога прв пат ја видела својата венчаница. 

Коментари

Популарно