Потег за паметење на Асенсио (Видео)

Фудбалерот н Реал Мадрид-Марко Асенсио во досегашниот тек на кариерата има постигнато навистина доста спектакуларни погодоци од далечина, но она што го направи изминатава вечер на „Сантијаго Бернабеу“ беше само доказ дека поседува нестварни технички квалитети кои со право го прават најголем талент во шпанскиот фудбал.

Дваесет и двегодишниот играч за врска од натпревар во натпревар игра се послободно и го прикажува сиот свој потенцијал, а на вчерашниот меч со Рома изрежира една нестварна минијатура во противничкиот шеснасетник која вреди да се види повеќе пати.

При додавање од Иско, Асенсио ја „залепи“ топката за својата нога и изведе рулет дриблинг од кој застанува здивот, а вистинска штета е што голманот Олсен реагираше рефлексно и спречи да го постигне најдобриот гол во својата кариера.

Коментари

Популарно