Секој што ќе купи стан од него добива ново БМВ

Кинеската инвеститоркса компанија „China Merchants Shekou Industrial Zone Holdings Co” немала среќа во продавањето на своите станови.  Компанијата која неодамна изградила стнабен блок со 350 стана во Шангај , успеала да продаде само 25. За да ги привлечат купувачите одлучиле на секој што ќе купи стан од нив да му купат ново БМВ и тоа од серијата 3 или од X1 серијата.

Трособните станови во овој комплекс , инаку се продаваат за 620 000 долари , додека цената на понудените автомобили е околу 10 проценти од цената на станот.

Поради високите даноци , овие возила се далеку поскапи отколку во Европа или во САД.

Коментари

Популарно