ТРАГЕДИЈА: Младен и Александар заедно отидоа во Америка на печалба

Двете момчиња од Краљево, како и уште едно лице, загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Илиноис, а нивните пријатели собираат пар за да ги погребаат во татковината.

Триесет и две годишниот Младен Петровиќ и 31-годишниот Александар Саковски од Крааљево, како и уште лице, загинаа завчера, кога автопат се судрија два камиони.

Како што пренесуваат американските медиуми, до сообраќајка дошло кога возачот на камионот изгубил контрола, ја пробил банкината и преминал на друга трака и директносе судрил со друг камион. Меѓутоа, американските истражувачи кои работат на несреќата, до денес не објавиле точна причина.

Братот на настраданиот Младен, Никола Петровиќ рекол дека од пријателите дознале за трагедијата во Америка.

-Не знаеме ние како се случила несреќата. Младен и Александар отишле заено пред две ипол години, возеа камион заедно, а мојот брат беше возач и овде. Слушнавме дека ни се потребни многу париза да го пренесеме телото, не знаеме кога ќе го погребаме, а акцијата за собирање пари е во тек - рекол очајниот брат.

На сајтот на кој се собираат пари наведено е дека цената на транспортот на посмртните останки од САД во Србија изнесува 100.000 долари.

Коментари

Популарно