Голема полициска акција во Сити мол

По полициската акција вчера во Сити мол, уапсени се пет лица.

Како што информираат од МВР, вчера околу 16 часот од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Марцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“,во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22), Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден пиштол марка ТТ кал.7,62 мм. Лицата се лишени од слобода и приведени во полициската станица од ОН Карпош. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно