Британски екперти: Земјата има 2 дена да се подготви

Експертите велат дека во Сончевата атомосфера се отворила дупка која овозможува сноп од радиоактивни честички да тргнат кон Земјата.

Британската Национална управа за океани и атмосфера (НООА) рекла дека очекува бурата да стигне во сабота, 22. септември. Велат дека бурата може да предизвика северно и јужно светло кога ќе стигне, додека НООА оваа бура ја класифицира како Г-З или „малолетна“.

НООА експертите велат дека геомагнетната бура од Г1 класа е можно да се случи на 22. септември кога соларниот ветер ќе удри во земјиното магнетно поле. Магнетната бура претставува привремено пореметување кое е предизвикано со бранови од сончев ветер од магетосферата на Земјата. Тие спаѓаат во пет категории - Г1, Г2, Г3, Г4 и Г5 и додека Г1 се смета за мала бура, за Г5 се наведува дека може да предизвика страшни последици врз Земјата. Се верува дека сончевите бури се едни од најголемите бури во човештвото. Тие може да предизвикаат огромни проблеми во напојувањето - предизвикуваат прекини кои може да бидат фатални.

Коментари

Популарно