ФОТО: Кади Сагниа: "Јасно е дека го покажувам задникот, па нема Ферари да чувате во гаража"

Кади Сагниа, сопственичка на еден од најдобрите задници во светот на атлетиката, привлекла многу внимание на неодамнешното Европско првенство во Берлин, а сега одлучила да им одговори на критичарите кои сметаат дека настапува со премали гаќички.

24-годишната убавица со прекрасно тело се натпреварува во скок во далечина. Нејзината мајка е од Гамбија, но таа е родена во Шведска. На Европското првенство во Берлин била седма, но на мета на критичарите се нашла поради минијатурните гаќички. 

"Многумина уживат во убаво обликувано тело, но ова е на границата на невкусното", коментирал новинарот Лаури Холо, кој, сепак, набрзо се извинил.

Но, Кади не молчела долго. "Моите гаќички се со истата големина како и оние на другите атлетичарки, но се креваат кога скокам. Разбирам дека луѓето зборуваат за тоа, но повеќе би сакала да не се концентрираат на моите гаќички, туку на резултатите", рекла таа за финскиот портал "Iltalehti".

Кади станала сениорка на само 16 години, а во последно време е се поголема ѕвезда на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 58.000 луѓе.

"Секако дека сакам да го покажувам своето тело, вежбам секој ден. Ако сте купиле Ферари, нема да го чувате во гаража, зарем не? Моето тело е моето Ферари", рекла таа.

Коментари

Популарно