ШОК: Таткото на познатиот НБА играч е убиен во брутална престелка

Ричард Џеферсон, поранешниот соиграч на Никола Јокиќ е погоден од големата семејна трагедија.

Некогашниот играч на Денвер и освојувач на НБА прстен со тимот на Кливленд, Ричард Џеферсон се соочил со шокантни вести. Неговиот татко е убиен во Лос Анџелес.

Тој е убиен додека возел автомобил, а смртоносните рани ги добил од пукањето во Комптон. Смртта му била констатирана во болница.

Деталите за убиството сѐ уште не ѝ се познати на јавноста, а таткото на Џеферсон имал 65 години. Тој им подлегнал на раните од неколкуте куршуми над стомакот.

Младиот Џеферсон има 38 години и 17 години поминал во НБА, после универзитетот Аризона.

Коментари

Популарно