Се јави Тошо од Австралија: Еве што би им порачал на политичарите пред референдумот

Во интервју за Точка.ком.мк, Васко Тодоров, познат по легендарниот лик од К-15, Тошо, открива што му фали од Македоија и каков му е животот во Австралија.

- Најмногу ми недостасуваат природните убавини, од кои што би ги извоил, Охрид, кањонот на Радика, плоштадот во Скопје, Козјак, крстот во Аеродром, Пелистер, Галичица, крстот на Водно, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од се што набројав дел се природни, дел се натприродни убавини!

Гиро, хамбургер, пица и лазањи, а од пијалок, џин тоник и водка џус...Шала на страна ништо не ми фали, затоа што овде има се што има во Макеоднија: и македонски продавници и кафани со македонска храна, а посебно македонски пијалоци, барем тие мене што ме интересираат, а тоа е логично, затоа што мислам дека во последните години бројот на Македонците овде ништо чудно да е поголем од бројот на Македонците во Македонија! 

Предреферендумски како социолог, што би им порачал на политичарите? 

Васко Тодоров: Па, би им порачал по една пијачка, за јадење нема да имам пари, многу се накотија. 

Целото интервју прочитјте го на Точка.ком.мк.

Коментари

Популарно