20 пораки што може најчесто да ги добива премиерот

Фчерашни“ објави какви се пораки би можел да добива премиерот Зоран Заев.

1. Ко ќе се враќаш од Вашингтон земи млеко, јајца и леб ама спакуван, немој од оној шо го галат пензионерите од сабајле. Зорица

2. Брат, ако имаш 200 евра на заем до 1-ви. Го даде името сега, легнаа парите. Ќе ти ги вратам, жими мајка

3. Дали сте слушнале за Лајонес?

4. Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам, Среќен роденден.

5. send nudes

6. Ела да слушаме бомби, сама сум

7. Ај бе те чeкаме в кафана два сати, батали ја таа бабата Меркел

8. Predavnik!

9. Искористивте 80% од Вашиот интернет за овој месец

10. Да не го даваш моторот? И шо пари?

11. Абе, оваа оградата шо ќе ја вадите од влада, за старо железо да ја земам шо пари ја даваш?

12. Пеерче денес нема тендер а? Ако, ако ќе побараш и ти нешто. Кочо. П. С. Се заебавам бе има тендерче, ела да си дам по некое

13. И сега треба да ти пуштам една порака тебе, една на Вицето? Хахаха, те дупам бе. Рада

14. Прифати ме на Фејсбук

15. Види ми треба жирант, сеа ти имаш добра плата ако не ти е проблем пиши

16. Стварно овој Трамп изгледал ко портокал. Ама Меланија… Бобобо. Отсекогаш словенките биле најјаки во Југославија. Димитров

17. Дај бе она на М петок сум договорен со една, морам да и се паркирам. Хахаха ако ме разбираш  [😉]  За коитус зборвам.

18. Извини грешен број. Игнорирај ја пораката

19. Излези пред влада на 5 минути сакам да те видам <3

20. Vaseto vozilo ke pristigne na lokacijata za 4 minuti

Коментари

Популарно