ВИДЕО+ФОТО: Каде се и што прават денеска јунаците од хит серијата „Подобар живот“?

Иако, престанала да се прикажува во 1991. година, серијата „Подобар живот“ и’ денес е една од омилените на подрачјето на бивша Југославија.

Во осумдесеттите години на минатиот век, семејството Попадиќ беше ултимативен телевизиски хит, а многумина и денес се сеќаваат на тој некој подобар живот од „Подобар живот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @fotografijesrbije on

Петмината главни глумци и денес се сеуште активни во своите професии.

Марко Николиќ, кој го глумеше Драгиша, денес има 71. година и уште глуми. Го гледаме во новата тв серија на ТВ „РТЛ“, „Погрешен човек“, а моментално ја снима серијата „Жигосани во рекетот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gloria Magazin Srbija (@gloriamagazinsrbija) on

Пред неколку години Николиќ победил рак, а оттогаш се свртел кон здрав живот. Престанал да пуши и да пие алкохол бидејќи, како што вели, се уплашил од ситуаацијата и бил подготвен да напарви се’ за да преживее.

Светлана Бојковиќ, дива на српскиот етатар, во серијата била Емилија, а ниту таа не престанала да глуми, како во театарот, така и на телевизија и на филм. Моментално со сопругот Славко Краљевиќ се одмора во Ровињ, каде оотишле на покана на колешката Весна Чипчиќ. Светлана има 70. години и едно време со сопругот живеела во Хелсинки бидејќи тој бил амбасадор на Република Србија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by JUGOSLAVIJA (YUGOSLAVIA) (@jugoslavija.sfrj) on

Нивните деца ги глумеле Лидија Вукичевиќ, Драган Бјелкогрлиќ и Борис Комнениќ.

Раскошната Виолета ја отелотворува Лидија Вукичевиќ, која и денес ги заведува фановите со фотки во костуми за капење, на Инстаграм, а многумина се восхитуваат на нејзината фигура која ја одржува и со 56. години.

Контроверзната Лидија актерската кариера ја напуштила поради љубов – се омажила за фудбалерот Митар Мркела со кого има два сина. Љубовта „пукнала“ а таа се посветила на синовите Андреј и Давид.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

За жал, се активирала и политички во партијата на Шешељ, па била и пратеник во Народното собрание.

Борис Комнениќ денес е првак на Драмскиот театар во Белград, а го памтиме како Александар – Саша Попадиќ. Глумецот редовно се појавува во серии и филмови како и во театар. Некои од најзабележителните улоги ги остварил во сериите „Монтевидео Бог те видел“, „Ќе се вратат штрковите“, во кои соработувал со „братот“ од серијата „Подобар живот“, Драган Бгјелогрлиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by _boris_komnenic_fp_ (@_boris_komnenic_fp_) on

Тој го глумел Слободан, а денес е еден од најпознатите глумци, режисери, сценаристи и продуценти на целото подрачје на бивша Југославија.

Бјелогрлиќ се прославил во „Подобар живот“, а продолжил со „Убавите села, убаво горат“. Го режирал филмот „Монтевидео Бог те видел“ кој бил српски кандидат за Оскар, како и истоимената телевизиска серија. Минатата година се појавил во филмот „Јужен ветар“ а моментално снима серија.

Драган Бјелогрлиќ минатата година ја промовираше серијата „Сенки на Балканот“ која се емитуваше во скоро цела бивша Југославија.

Коментари

Популарно