ФОТО: Се ожени градоначалникот Стефан Богоев - невестата одбра чипка

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, синоќа се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска.

За забвата на свадбата младенците ги одбраа „Либеро“ бенд, а оние кои беа пристуни, раскажуваат дека било многу весело. Невестата е облечена во венчаница од тантела, а градоначалникот Богоев се реши за елегантна црно-бела комбинација.

Пред неколку месеци тој ја побара Ивана за жена со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене“. „Со еден глас ‘за’, Ивана избра ‘да’“, напиша Богоев, кој е најмладиот градоначалник од СДСМ.

Коментари

Популарно