ФОТО: Пожар во ноќен клуб во Скопје

Пожар го зафати ноќниот клуб ,,Станица 26″ во центарот на Скопје. Според информациите од Противпожарната единица на Град Скопје, станува збор за објект на улицата „Јордан Мијалков“ број 26.

Чадот кој излегувал од клубот бил забележан околу 15,05 часот, по што интервенирала Противпожарната единица со пет возила и 11 пожарникари.

Огнот е локализиран околу 17,15 часот. Се уште не е утврдена материјалната штета која што е причинета.

Коментари

Популарно