ВИДЕО: Актерката и удри шамар на жена од публиката

Познатата руска актерка Евелина Бледанс физички нападна жена од публиката, откако на несоодветен начин го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром.

Четириесетидеветгодишната актерка која го очекува своето трето дете, гостуваше во емисијата „Во живо“ и зборуваше за бременоста во постари години, а една жена во публиката и рече дека го загрозува зравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи во тие години е опасно да се раѓа.

„Што ти е? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Сакаш да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никој не му се потребни такви деца, ни тебе, ни на општеството“, рече Елена Лебедева, жената од публиката.

Актерката по оваа изјава, мирно стана, тргна кон неа и и удри шамар пред камерите.

„Ќе те искршам. Тоа е мое дете. За мене можеш да зборуваш што сакаш, но остави ги на мира моите деца“, рече актерката.

Коментари

Популарно