ВИДЕО: Доаѓа од иднината, и го поминал детекторот за лаги

Приказната на Џејмс Оливер, кој тврди дека патува низ времето и дека е заглавен во 2018. година, е необична самата по себе, но фактот дека минал и на детекторот за лаги го шокирал целиот свет.

Џејмс тврди дека на мисијата во 21. век дошол од 6491. година, но дека сега не може да се врати кај своето семејство и пријателите, бидејќи му се расипала машината за патување низ времето.

Иако се делува како дел од филмот “Враќање во иднината”, се појавил доказ дека Џејмс можеби ја кажува вистината.

ЈуТјуб каналот кој се занимава со паранормални појави “ApexTV”, го приклучил Џејмс на детектор за лаги, на кој, како што се воспоставило, ги минал сите прашања.

На снимката лицето на Џејмс е замаглено, има специфичен акцент и малку “шушка” кога зборува.

“Вашите години се поразлични од моите”, му рекол тој на човекот што го испрашувал, чие лице исто така е замаглено. Нејасно во неговата приказна е дали живее на нашата или на некоја друга планета, бидејќи додал:

“Таму од каде доаѓам јас, годините се подолги. Мојата планета е подалеку од Сонцето, и потребно и е подолго време да сврти круг. Но, имаме талентирани математичари кои работат на сметањето на нашите години во однос на другите цивилизации”, објаснил тој.

Меѓутоа, кога завршил со приказната, зборот “вистина” се појавил на екранот, но камерата не го покажувала тоа што се наоѓа на компјутерот, со што ќе се докажело дека Џејмс не лаже.

Тој рекол дека глобалното затоплување ќе биде се полошо и дека нашата планета ќе стане се потопла, па така тој советува да ја сопреме емисијата на стаклени гасови. Исто така, рекол дека сите луѓе во иднина ќе имаат свој систем на вештачка интелигенција, која ќе се вика Сири, и ќе ги препознава своите корисници по гласот.

“Константно сме во потрага по нови планети и галаксии и ги пронаоѓаме секојдневно. Повеќето се всушност – ништо”. Но, понекогаш удирате “џекпот” и наоѓате интелигентен живот на некоја од нив. Пронаоѓаме нови планети, нови еко-системи… На многу планети постојат поинтелигентни суштества од луѓето”, вели тој.

Планетите, како што вели, се под сопственост на тела како Обединетите Нации, специјализирани за историјата и културата на човековите раси. Запрашан дали се сретнал со вонземјани, рекол дека неколку пати бил во контакт со нив.

“Дефиницијата вонземјани е нешто што е надвор од овој свет, така што технички, сега разговарам со еден”, рекол тој.

Исто така, рекол дека не би требало да се грижиме за заклучоците за вонземјаните, бидејќи некои од нив се негови блиски пријатели.

“Мојот најдобар пријател е од друга галаксија”.

Џејмс додава дека многу му недостасуваат семејството и пријателите и дека не знае кога ќе биде спасен. Запрашан кој ќе биде следен претседател на САД, одговорил дека тоа не би смеел да го открива.

Коментари

Популарно