Ископувале песок во скопско, нашле оружје

Вчера во 11.08 часот во Единицата за информирање и команда  било пријавено дека при ископ на песок, во сепарација во близина на селото Огњанци-Скопје, пронајдена е ловна пушка.

По пристигнување на полициски службеници од Полициско одделение  Петровец, било констатирано дека се работи за стара ловна пушка, која во голема мера е оштетена и заради тоа не може да се утврди серискиот број.

Известени се инспектори од ОНТ - оружје и увидна екипа  кои ќе ја подигнат пушката на местото на настанот за превземање на понатамошна постапка.

Коментари

Популарно