Мојата ќерка тогаш не беше родена, кој е ова?

Мајка на две девојчиња останала шокирана кога забележала „чудна фигура“ која стоела зад нејзината ќерка на фотографија снимена уште пред 10 години.

Лаура Кисе (38) забележала на една стара фотографија личност која ја демен нејзината ќерка Ајеша, која тогаш имала 5 години.

Веднаш помислила дека станува збор за помладата ќерка Софи, но набрзо сфатила дека таа воопшто не била родена кога е направена оваа фотографија.

Лаура вели дека сликата снимена во 2008 година во нејзината стара куќа едноставно е необјаснива.

„Девојчето изгледа како Софи. Ова е многу чудно. Кога првпат ја погледнав сликата по многу долго време, се запрашав што прави Софи таму? Никогаш не сум ја видела на таа фотографија. Потоа сфатив дека таа не беше ни родена кога е направена фотографијата. Тоа не може да биде таа“, раскажува Кисе.

„Можеби е тоа порака од иднината или нешто слично. Некој на работа рече дека тоа веројатно е глава од кукла, но тоа е невозможно, Ајеша немаше кукли“, објаснува таа.

Коментари

Популарно