Го пратиле детето на училиште им го вратиле во ковчег

2-годишната Исидора В. од Ниш настрада вчера во 12 часот и 40 минути кога ја прегази возило кое се придвижило назад на улица.

Трагедијата ја потресе Србија, но и регионот, а возачот кој бил во возилото кое се придвижило наназад, веднаш избегал, но полицијата за среќа го фатила и привела.

Исидора со ранче тргнала на училиште, кога на неа налетал автомобилот марка Фијат и ја усмртил. За жал девојчето починало веднаш.

Има две верзии за несреќата, од кои едната дека возачот го оставил возилото и не бил во него, но не кренал рачна па се придвижило, а втората дека сакал да се сврти на улицата и не го видел девојчето.

- Слушнав глас кој вриштеше по силниот удар. Под колата го видов само главчето на детето и ранецот, вели случаен минувач додавајќи дека сликата била ужасна.

Семејството е скршено од тага.

Коментари

Популарно