Страшна несреќа: Дамјан го убила струја од далновод

Четиринаесетгодишниот Дамјан Дукиќ во неделата попладнето загина пред очите на другарите, од струен удар на излетничкото место во близина на Кнежево.

Меѓу мештаните на Кнежево владее вистински шок, велат дека само за тоа се зборува и дека уште не можат да веруваат дека момчето на ваков начин починало.

Како што е наведено, тој и уште двајца другари и другарка тој ден се возеле со мотори и отишле на споменатото излетничко место.

Како што пренесуваат од полицијата, децата малку се возеле, а потоа тргнале да прошетаат. Наводно еден од нив тргнал да се качува на блискиот далновод, но се откажал. После тоа во еден момент забележале дека го нема Дамјан и тргнале да го бараат.

Кога забележале дека се качил на далновод почнале да го молат да се симне. Девојчето кое било со нив почнало да плаче и со солзи да го моли сепак да се откаже од качување до врвот.

Дамјан се качил на врвот, а неговите другари раскажале дека во еден момент само виделе искри кои почнале да избиваат од жиците.

Со рака веројатно фатил еден од каблите под напон. Во истиот момент тој паднал на земја, а неговите другари биле во шок и веднаш повикале Брза помош.

Лекарите можеле само да констатираат смрт.

Коментари

Популарно