ФОТО: Пристигнува првиот смартфон со 10 GB RAM

Кинеското регулаторно тело TENAA издало сертификат за новата верзија на смартфонот Oppo Find X кој доаѓа со 10 GB RAM, а тоа е воедно првиот паметен телефон со волку "великодушен" RAM.

Oppo Find X би требало да биде првиот таков паметен телефон на пазарот доколку не го надмине некој од ривалите. Постои можност тоа да биде компанијата Vivo за која се шпекулира дека работи на развој на смартфон со 10 GB RAM. 

Познато е дека новата верзија на смартфонот Oppo Find X има 256 GB внатрешна меморија, а се уште не е познато каде ќе се појави на пазарот и колку ќе чини.

Освен информациите за RAM и просторот за складирање, не се објавени некои други детали за новиот модел, но се претпоставува дека ќе има исти или слични опции како оригиналниот модел. Тоа значи дека ќе има екран од 6,42 инчи со резолуција од 1080×2340 пиксели, процесор Snapdragon 845, лизгачки дел со камери од 16 и 20MP и предна камера од дури 25MP.

Коментари

Популарно