До сите Албанци: Погледнете го „Ругање со Христос“ пред да коментирате - Не потпаѓајте на евтини политички трикови

У принцип неќу да коментирам по социјални мрежи, особено не политика, а најмалку меѓуетнички односи, али јеби га.... посилно е од мене.

Го гледав „Ругање со Христос“ пошо се изначитав и изнаслушав све и свашта иако до скоро го немаше ниту трејлерот на нет... Тоа говор на омраза, тоа увреѓени министри, тоа соопштенија од Влада, тоа пресови, тоа чуда.... Па ме испровоцира да го гледам, пошо прво шо ми дое на памет е дека филмот е вмровска пропаганда...

Замисли, министерот за култура се увреѓил пошо борците на ОНА/УЧК биле претставени како „насилници и силеџии“, а филмот не го гледал. Го прочитал само сценариото, ама изглеа не читал ко шо треба, не знам...

Он се увреѓил што у филм за Егејците од два и пол саати има две и пол минути за случувањата со мавровските работници, и уште 25 секунди за убиството на терен за баскет у Тетово.

Неколку прашања до увреѓениот министер:

-Дали и кога ќе го гледате филмот?

-Како сакате да бидат претставени борците на ОНА? Како нобеловци за мир?

-Нели ви е срам да си играте со чувствата на луѓето, особено на Албанците? Бидејќи чоек ако не го гледа филмот, а ги слуша вашите изјави ќе помисли дека главната поента се токму борците на ОНА/УЧК и случувањата во 2001 година.

Идеме даље...

Влада вели дека се ширело говор на омраза и оти сите филмови од 2015 година имале политичка позадина.

Каква позадина да има уметноста? Да опнеме розеви наочари и на јебениов Балкан да праиме филмови „Како да станеш милионер?“? Да го викнеме Кевин Харт да комедијува? Суперхерои? Мишн импасибл? Еве, дајте идеја...

И вие ко увреѓениот се истрчавте да коментирате нешто што не сте го погледнале. Браво.

Ајде од утре да се правиме дека војната во 2001 никад не се случила. Можда не се случија ни војните низ Балканот у 90-тите. Можда не се деси ни Втора светска војна. Можда измишљотина на Илуминатите е... Можда... Не знам...

До сите Албанци: Погледнете го филмот пред да коментирате, особено тука на постов. Не потпаѓајте на евтини политички трикови.

А за оние шо ќе помислат или ќе речат дека сум националист или не знам што, у секое време, у која било кафана може да си испоприкажеме, чисто да си ги измериме ставовите. [😀]

П.С. Каква реклама за ич пари му напраивте и на филмот и на режисерот не сте свесни. Алал да ви е. Ама толку капацитетот...

#РугањеСоХристос #MockingOfChrist

Автор: Даниел Василев

Коментари

Популарно