ВИДЕО: Наташа изела сендвич во авион и починала

Петнаесетгодишната Наташа Еднан Лаперус од Лондон била на пат кон Ница, каде во 2016 година требала да го помине летните празници, кога одеднаш паднала во авионот поради алергиска реакција на сендвич и починала. Нјеизниот татко бил со неа, а мајката со потресни зборови се збогувала со својата ќерка.

Сопругот на Тања, таткото на Наташа го ставил телефонот на јстук покрај увото на својата ќерка кога му станало јасно дека нема да ја преживее катастрофалната реакција на сусамот кој се наоѓал во багетот кој го изела.

„Таша, љубов моја. Многу те сакам. Наскоро ќе бидеме заедно“, биле последните зборови на нејзината мајка, додека разговарала со својата ќерка.

Оваа потресна приказна станала достапна на јавноста во саботата откако родителите на несреќната Наташа одлучиле со сите да ја споделат својата приказна за која се претпоставува дека ќе покрене голема бура во прехранбената индустрија.

Девојчето починало од багет кој го купило на аеродром, кој содржел сусам на што таа била алергична. Иако нејзиниот татко веднаш ѝ дал две инекции, девојчето починало во рок од неколку часа во болница во Ница.

Кобниот сусам бил во пецивото, а не во кората, па затоа не се видел. Со ова родителите на Наташа апелираат до сите кои имаат сличен проблем да бидат претпазливи.

Коментари

Популарно