Како да препознаете дека ве изневерува?

Изневерувањето е прилично широк поим. Некои луѓе, за изневерување го сметаат гледањето на порнографија, додека некои толерираат сè до бакнеж или интимен однос со друга личност.

Но, што и да е за вас изневерување, ако вашиот партнер ги знае вашите ставови, секое негово прекршување, за вас е оправдано разочарување и значи нарушена доверба. Понекогаш другата страна нема да сака да ви признае што се случува, но тоа ќе можете да го откриете самите, и тоа преку говорот на телото. Не ви дозволува да ја прегледувате содржината на неговиот телефон Ако вашиот партнер е премногу вознемирен кога гледате во неговиот телефон, тоа би можело да биде многу јасен знак. Брачниот советник, Дејвид Бенет, истакнува дека тоа е всушност еден од главните показатели, особено ако непрестајно го држи мобилниот телефон, во положба во која вие не можете да видите што прави на него. Ако тоа му е автоматска реакција, постои голема веројатност да се работи за некое трето лице. Се вознемирува кога зборувате за одредена личност Ако лицето со кое вашиот партнер потенцијално ве изневерува е некој кој вас ви е познат, тој би можел прилично да се вознемири додека зборувате за истото тоа лице. „Вашиот партнер може да покаже знаци на нервоза во текот на разговорот за таа личност. Знаците кои најпрво ќе се покажат се вкочанетост на фацијалната експресија, грубо чешање на подлактицата или допирање на градниот кош“, истакнува Бенет. Ако вашиот партнер и таа личност се најдат во иста просторија, говорот на телото исто така би можел да открие доста работи. Многу е веројатно дека цела вечер ќе биде во близина на таа личност, ќе ја гледа и „случајно“ ќе ја допира додека разговараат. Се смешка додека гледа во мобилниот телефон Иако вие можеби мислите дека тој гледа некој смешен видео запис, постои веројатност да се допишува со личноста со која има афера. Ако забележите дека не испушта звук од смеењето, туку само ги шири усните во огромна насмевка, имате причина за сомнеж. Се однесува затворено И тоа буквално. Додека разговара со вас, ги држи рацете и нозете скрстени и држи одредена физичка дистанца. Помалку ве допира, помалку се смее во ваше друштво и се однесува прилично нервозно, како да сака што е можно побрзо да отиде на некое друго место.

Коментари

Популарно